Откако го издаде неговиот последен видеоспот за песната која самиот ја напиша и која ја подготвуваше повеќе од една година, Дарко Илиевски се повлече од сцената и ретко може да се види на настап низ Македонија. Можеби дел од причините за тоа е и убавата Симона, која во последно време е постојано покрај него.

Даре и Симона на свадбата кај раперот и стилист Андреј Миске
минатиот викенд
Симона е всушност девојката која се појавува во гореспоменатиот видеоспот за „Не е фер“, кој својата промоција ја имаше на почетокот на јуни. Како што тогаш ни откри Даре , за снимањето со Симона се подготвувале 4 месеци, период во кој веројатно и започна взаемната симпатија.

Симона на промоцијата за „Не е фер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


