| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот шеф на УСАИД Македонија ја презема должноста

Откако пред една недела даде заклетва како директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн деновиве ја презеде функцијата во Скопје.

Заклетвата ја дал пред помошник-администраторот на УСАИД за Европа и Евроазија, Александар Пејџ.

Новиот директор на УСАИД ќе биде одговорен за менаџирање на програмите на агенцијата со цел поддршка на македонските напори да ги зајакне демократските практики и институции, да го зголеми економскиот раст и да го подобри квалитетот на образование.

Стајн во Македонија доаѓа од позиција заменик-директор на мисијата во Авганистан. Тој кариерата ја почнал како службеник во Службата за надворешни работи во 1987 година.

 


 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top