Три нови случаи на оштетувања на возила биле пријавени од страна на македонски државјани кои престојувале во Грција и кои вчера се вратиле во земјава.
Вчера на граничниот премин „Богородица“, А.Т. од Скопје, која управувала патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, пријавила дека во туристичкото место Неа Врасна возилото ѝ било испишано со црвен спреј, односно ѝ биле прикриени ознаките МК на предната и задната табличка, а биле испрскани и предното и задно лево крило, како и задниот браник. Оштетувањето го пријавила и во грчката полиција, но за тоа не ѝ била издадена потврда.
Во вториот случај, на граничниот премин „Богородица“, Ј.С. од Гевгелија, кој управувал патничко возило „киа“, со гевгелиски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Потидеа му била одземена предната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.
Во третиот случај, на граничниот премин „Богородица“, С.Т. од Струмица, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Потидеа му била одземена задната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.
Со овие три новорегистрирани случаи во неделата, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 53 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 53-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 37 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени обете таблички. Предничат туристичките места Ханиоти, каде што досега се евидентирани 13 кражби, и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 13 случаи.
Од вкупниот број случаи – 34 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР сѐ уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 27 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција