| четврток, 6 декември 2018 |

Селма Хаек пристигна во Белград (ФОТО)

Вчера околу 14 часот познатата холивудска актерка Селма Хајек пристигна во Белград, јавува „Блиц“. Таа во Србија ќе го снима трилерот „Еверли“.

На аеродромот „Никола Тесла“, Селма пристигна заедно со ќеркичката Валентина со приватен авион.

620x357xsalma-hajek-ni-e-vo-komsii-3.jpg.pagespeed.ic.yXko4NrApP

Продуцентската екипа на новиот филм, предводена од режисерот Џои Линч, веќе е во Белград од 10 јули и го подготвуваат сетот за снимање во студискиот комплекс на Пинк во Шимановце.

Акциониот трилер со хорор-тематика ќе се одвива речиси целосно во една просторија, а во средиштето ќе биде Селма, која манично се брани од убиецот кој ѝ го испраќа нејзиниот бивши љубовник инаку мафијашки бос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top