Деспина Царева, штипската новинарка која поради многуте гафови во нејзината емисија се најде на немилост на „Фејсбук“ и на „Твитер“, не е мис на Македонија, туку само финалистка. Карванот за избор на најубавата девојка за 2013 година трае веќе цело лето, а минатиот викенд во Струмица и во Куманово се одржаа полуфиналните избори од турнејата на „Мис на Македонија 2013“ за „Мисс Глобе“.
– Победничката од Струмица, Деспина Царева, за која деновиве се дигна многу прав откако поради недоразбирање медиумите веќе ја прогласија за вкупна победничка, а на социјалните мрежи имаше многу погрдни коментари во врска со нејзината убавина поради една нејзина фотографија која беше тенденциозно поставена. Овие фотографии секако ќе ги побијат сите тие злонамерни коментари – велат од модното студио „Црнокрак“, кое е организатор и поседувач на лиценцата за изборот.
20-годишната штипјанка беше избрана за финалистка во Струмица на пистата пред клубот „Селект“. Прва придружничка беше Симона Станковска(18) од Скопје, а втора Христина Тонцевска(20) од Пробиштип.
Во „Касапски круг“ во Куманово победи скопјанката Симона Станковска, прва придружницка беше Ана Трајковска, а втора Кристина Димитријевска, двете од Тетово.
Последните два полуфинални избори ќе се одржат в четврток во Велес и в петок во Свети Николе, а победничките ќе се квалификуваат за големото финале кое ќе се одржи в сабота во Дојран во новиот хотел „Романтик“.
Победничката од финалето ќе ја претставува Македонија на изборот за Мисс Глобе 2013, а придружничките на други интернационални избори за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.