20-годишно момче од Параќин се застрела во главата пред две млади девојки мислејќи дека пиштолот е празен, а сега лекарите се борат за неговиот живот. Причината за овој луд потфат е тоа што песната го „погодила“!
Момчето со неговата девојка и нејзина пријателка биле во викендичка на Грза, каде што веселото друштво се забавувало во текот на викендот. Трагедијата се случила во саботата околу 22.30 часот, кога момчето ја слушнало неговата омилена песна, па си го ставил пиштол на главата и пукнал мислејќи дека во него нема куршуми. Пиштолот бил негов, оставен во наследство од неговиот покоен татко.
Тој сѐ уште е во смртна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.