Благодарение на брзата интервенција на капачите и тимот спасувачи на градската плажа во Струга, спасена е од давење бремена жена.
Случајот го потврдуваат и од Итната медицинска помош од Здравстениот дом од Струга, чија екипа веднаш стигнала на местото и жената ја транспортирала до Гинеколошкото одделение при Општата болница. Жената е вонживотна опасност и е под постојан надѕор на гинеколог.
Станува збор за жена од Куманово, чиј идентитет и возраст не се наведуваат.
Како и вообичаено влегла во езерските води, но од непознати причини состојбата ѝ се влошила и паднала во вода, па почнала да потонува. За среќа, капачите кои биле на плажата веднаш се стрчале да ѝ помогнат, а потоа интервенирале и ѝ дале прва помош и спасувачите на вода. Брзо стигнала и екипа на Итната медицинска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



