| четврток, 6 декември 2018 |

Британец преживеал неверојатна сообраќајка

avtomobil soobrakajka britanija

Дваесет и едногодишниот Ешли Локер со неверојатна среќа преживеал тешка сообраќајна несреќа во градот Скарборо. Неговиот автомобил целосно бил замотан околу дрво, така што спасувачките екипи мислеле дека е мртов, но момчето поминало само со скршена рака и со неколку модринки.

Од силниот удар возачкото седиште на кое момчето било врзано одлетало на задниот дел од автомобилот. Лекарите веруваат дека момчето високо 190 сантиметри и тешко 114 килограми го спасиле токму висината и тежината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top