| четврток, 6 декември 2018 |

И наргилето забрането во Турција

Турција ги заострува мерките против пушењето. По циграрите сега и наргилето е забрането да се пуши на јавно место во Турција. Оваа мерка е една од новите прописи на турската влада во борбата против овој порок. Пушењето на наргиле отсега е забрането на јавните места, а на прекршителите ќе мора да платат казна, се вели во владината уредба објавена во службениот весник на Турција.

Во 2009 година владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган почна борба против пушењето забранувајќи го на сите јавни места, барови, ресторани, кафулиња итн. Наргилето беше забрането досега за помладите од 18 години.

Кафулињата продолжија со служење на наргилето со овошни мешавини без или со малку тутун што ја разлутуваше санитетската инспекција која проценува дека таквото пушење е опасно, односно кога доаѓа до согорување, се вдишуваат отровни материи.

Наргилето беше многу популарно во времето на Отоманското царство. Нејзината потрошувачка значително беше намалено од воведувањето на републиката, и од 1923 година со појавувањето на цигарите. Последните години наргилето повторно стана во мода во големите градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top