
Вчера на граничниот премин „Меџитлија“, Д.А. од Битола, кој управувал патничко возило „БМВ“ со битолски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј комплет му биле прикриени двете ознаки МК, а му била повлечена и црвена линија со истиот спреј по левата страна од возилото. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.
Во вториот случај, на граничниот премин „Меџитлија“, А.Д. од Скопје, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Лефкада, преку целото возило со цврст предмет му се направени длабоки линии на каросеријата. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.
Во третиот случај, на граничниот премин „Богородица“, И.Т. од Скопје, која управувала патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, пријавила дека во туристичкото место Калитеа ѝ била одземена една регистарска табличка. Оштетувањето го пријавила и во грчката полиција.
Во четвртиот случај, на граничниот премин „Богородица“, Б.Е. од Скопје, кој управувал патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Калитеа му биле одземени комплет регистарските таблички. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.
Во петтиот случај, на граничниот премин „Богородица“, Б.Н. од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Мудања му била одземена предната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.
Со овие пет новорегистрирани случаи во неделата, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција се евидентирани 50 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 50-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 35 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени обете таблички. Предничат туристичките места Ханиоти, каде што досега се евидентирани 13 кражби, и Неа Пори, со 6 кражби. По однос на оштетените возила, бројката на вакви настани сега нарасна на 12 случаи.
Од вкупниот број случаи – 31 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР сѐ уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 26 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


