| четврток, 6 декември 2018 |

На сон му се сонил Свети Ѓорѓија Победоносец, побарал да биде откриен

Душко Крстовски, со едно од пронајдените столпчиња, дел од конструкцијата кај олтарот copy„Ста­ни… Оди и освет­ли ме… Си­те ме га­зи­те, а ни­кој не ме отво­ра…“
Oвие збо­ро­ви пред по­ве­ќе од осум го­ди­ни го раз­бу­ди­ле од сон се­га по­кој­ни­от ѕи­дар Ти­хо­мир Кр­стов­ски од се­ло Ту­ден­це, оп­шти­на Је­гу­нов­це, и му го освет­ли­ле па­тот до про­стра­но рит­че на 900 ме­три од не­го­ви­от дом. Воз­бу­ден од ми­сте­ри­оз­ни­от глас, кој му по­ра­чал да ко­па под ја­се­ни­те, Кр­стов­ски оста­нал вчу­до­ви­ден ко­га на по­ло­ви­на ме­тар под три­те стеб­ла про­на­шол ка­ме­ни столп­чи­ња, оста­то­ци од не­ко­га­шен пра­вос­ла­вен храм.

– Ста­ну­ва­ше ра­но за­тоа што се гри­же­ше за до­би­то­кот. Тоа утро, па­ме­там, бе­ше сед­ми фе­вру­а­ри, при­лег­на да од­мо­ри не­ка­де пред де­сет ча­сот. Се­ко­гаш спи­е­ше на дол­ни­от кат и не знам зо­што ток­му тој ден при­лег­на на гор­ни­от дел во со­ба во ко­ја ни­ко­гаш не од­мо­рал. По не­кое вре­ме ста­на воз­бу­ден, ги зе­де ло­па­та­та и ко­па­чот и за­ми­на не­ка­де. Ко­га се вра­ти, воз­не­ми­рен и воз­бу­ден ни об­јас­ни што про­на­шол – рас­ка­жу­ва Илин­ка Кр­стов­ска, со­пру­га на Ти­хо­мир.

 

Бу­ча­ло Цр­кви­ште, рас­ад­ник на ми­сте­рии

Ме­сто­то ви­ка­но Бу­ча­ло Цр­кви­ште се на­о­ѓа на над­мор­ска ви­со­чи­на од 400 ме­три, на рид од кој ка­ко на длан­ка се гле­да­ат це­ла­та по­ло­шка кот­ли­на, Те­то­во и Го­сти­вар. Ми­сти­ка­та на ова ме­сто­то во ан­ти­ка­та и во сред­но­ве­ко­ви­е­то би­ла во сил­на­та воз­душ­на стру­ја што на по­вр­ши­на­та до­не­су­ва­ла под­зем­на бу­ча­ва од три дуп­ки пред про­це­пот да би­де ис­пол­нет со зем­ја и со ка­ме­ња. И де­нес, на ус­ни­те на про­це­пот се чув­ству­ва сла­бо воз­душ­но стру­е­ње. Ста­ри­те лу­ѓе го по­чи­ту­ва­ле овој про­цеп и го сме­та­ле за влез во све­тот на под­зем­на­та тем­ни­на.

Ин­те­рес­но е и де­ка на те­ме­ли­те на откри­е­на­та цр­ква со го­ди­ни жи­ве­е­ле три ја­си­ки, кои упор­но ник­ну­ва­ат и по­крај тоа што не­кол­ку­па­ти мај­сто­ри­те ги се­че­ле за да мо­жат не­пре­че­но да гра­дат.

– Ка­ко де­ца си играв­ме на со рас­фр­ла­ни­те ту­ли на ова ме­сто. До­а­ѓа­ле мно­гу ди­ви ко­па­чи, но ни­кој не ус­пе­ал да ја открие цр­ква­та. Ја­си­ки­те се по­себ­но ин­те­рес­на при­каз­на. Ги исе­ков­ме кон кра­јот на ју­ни, а во сеп­тем­ври ве­ќе беа ви­со­ки по два ме­тра – ве­ли Ва­се Ди­мов­ски, еден од лу­ѓе­то што ра­бо­тат на во­зоб­но­ву­ва­ње­то на „Све­ти Ѓор­ѓи­ја“.

Пла­ни­на­рот Во­јис­лав Ан­тов­ски об­јас­ну­ва де­ка Же­ден е пла­ни­на што има мно­гу мал­ку во­да и за ко­ја ја­си­ка­та не е ти­пич­но др­во.

– Ге­о­ло­шки­от со­став на пла­ни­на­та е прет­ста­вен со ма­сив­ни ва­ров­ни­ци од мер­мер, кои ле­жат пре­ку кри­ста­ле­сти шкрил­ци. Же­ден е без­вод­на пла­ни­на, со не­кол­ку из­во­ри са­мо во под­нож­је­то. Ни­ка­де на неј­зи­на­та по­вр­ши­на не е за­бе­ле­жа­но де­ка рас­те ја­си­ка – об­јас­ну­ва тој.

Во ни­за­та на не­об­јас­ни­ви си­ту­а­ции, се­ла­ни­те ја вбро­ју­ва­ат и при­каз­на­та со ше­га­џи­ја­та на кој, спо­ред нив, ка­ко пре­ду­пре­ду­ва­ње му стар­ту­вал тра­кто­рот и поч­нал сам да во­зи.

– Еден од со­се­ла­ни­те е поз­нат ше­га­џи­ја, кој не мис­ли ло­шо. До­де­ка го рас­чи­сту­вав­ме те­ре­нот и ко­пав­ме тој по­сто­ја­но нѐ за­де­ва­ше и ви­ка­ше, не ко­пај­те ту­ка има зла­то. По не­кое вре­ме, тра­кто­рот од ки­не­ско про­из­водс­тво кој ед­вај ус­пе­ва­ше да го стар­ту­ва, сам го вклу­чи мо­то­рот и трг­на по на­дол­ни­на­та. След­ни­от ден, ру­че­кот и пи­е­ње­то бе­ше на сме­тка на ше­го­би­е­цот – рас­ка­жу­ва­ат се­ла­ни­те.

Мартина Крстовска, внуката на Тихомир пред една од дупките на мистериозното бучало copy

Со­се­ла­ни­те и најб­ли­ски­те му се при­дру­жи­ле на Кр­стов­ски во ко­па­ње­то и од под зем­ја­та та­ло­же­на со ве­ко­ви, на ри­дот ви­кан Бу­ча­ло Цр­кви­ште, по мно­гу го­ди­ни свет­ли­на­та на де­нот ја здог­ле­дал, во тој мо­мент, не­и­ден­ти­фи­ку­ван цр­ко­вен об­јект.

Но, ми­сте­ри­оз­на­та при­каз­на, ко­ја пре­диз­ви­ка­ла мор­ни­ци кај жи­те­ли­те на до­то­гаш мир­но­то и спо­кој­но по­ло­шко се­ло, не за­вр­ши­ла ту­ка. Три де­на по откри­ва­ње­то на дол­го чу­ва­на­та тај­на за­ко­па­на во под­нож­је­то на Же­ден, ми­сте­ри­оз­ни­от глас по­втор­но му се ја­вил на Ти­хо­мир на сон.

– Лег­на во иста­та со­ба и по­втор­но се раз­бу­ди воз­бу­ден. Ре­че, ми се ја­ви исти­от глас и ми ре­че „ти ка­жав ка­де сум, но не ти ка­жав кој сум… јас сум све­ти Ѓор­ѓи­ја и та­ка да ме ви­ка­те…“ Од тој ден на­та­му, Ти­хо­мир по­сто­ја­но оде­ше на те­ме­ли­те на цр­ква­та на ри­дот. Не бе­ше пре­го­лем вер­ник, но не бе­ше ни­ту не­вер­ник. Бе­ше че­сен, до­бар и кро­ток чо­век. Ги по­чи­ту­ва­ше ре­ли­ги­ја­та и ве­ра­та, а по гла­сот на Ѓор­ѓи­ја По­бе­до­но­сец и по откри­ва­ње­то на цр­ква­та, по­сто­ја­но раз­мис­лу­ва­ше ка­ко да го во­зоб­но­ви за­бо­ра­ве­ни­от храм и да го пос­лу­ша ама­не­тот од со­нот – об­јас­ну­ва Илин­ка.

Хра­мот, кој го ис­пи­ту­ва­ле си­те струч­ни до­маш­ни ин­сти­ту­ции и спе­ци­ја­ли­сти, се прет­по­ста­ву­ва де­ка по­тек­ну­ва од ра­но­ви­зан­ти­ски­от пер­и­од, ме­ѓу тре­ти­от и ше­сти­от век. Се на­о­ѓа на из­ле­зот од се­ло­то Ту­ден­це по еден од ста­ри­те па­ти­шта за Скоп­је, де­нес коњ­ска па­те­ка. Се­ла­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка во ми­на­то­то де­неш­ни­те по­ло­шки се­ла би­ле под во­да, а над хра­мот на све­ти Ѓор­ѓи­ја, на па­тот за глав­ни­от град, се на­о­ѓа­ло се­ло­то Се­ли­ште, кое одам­на за­ми­на­ло во исто­ри­ја­та.

Ин­те­рес­но е што не по­стои ни­ту еден пи­шан, ни­ту, пак ка­жан по­да­ток за по­сто­е­ње­то на ми­сте­ри­оз­но откри­е­на­та цр­ква под Же­ден.

– Про­ве­ру­вав­ме во исто­ри­ски ар­хив, во му­зе­јот во Те­то­во, ка­ко и во цр­ков­ни­те кни­ги и ар­хи­ви и ни­ка­де не стои ни­што за­пи­ша­но за по­сто­е­ње­то на цр­ква­та што ја откри та­тко ми. Уште по­ми­сте­ри­оз­но е што ни­кој од се­ла­ни­те во ре­ги­о­нот не па­ме­ти де­ка ба­рем слуш­нал при­каз­на за по­сто­е­ње на сли­чен об­јект на ме­сто­то или во под­нож­је­то на Же­ден – рас­ка­жу­ва Ду­шко Кр­стов­ски, син на Ти­хо­мир.

Тој об­јас­ну­ва де­ка не е слу­чај­но што све­ти Ѓор­ѓи­ја по­ба­рал да би­де откри­ен по тол­ку ве­ко­ви. Спо­ред Кр­стов­ски, на тој на­чин е спа­сен нај­ста­ри­от три­кон­ха­лен храм во Ма­ке­до­ни­ја.

– Не­по­сред­но пред да се слу­чи со­нот, еки­пи на те­ле­фон­ски­от опе­ра­тор Кос­мо­фон беа дој­де­ни и го обе­ле­жу­ваа ме­сто­то за по­ста­ву­ва­ње баз­на ста­ни­ца. И тие оста­наа со за­мрз­на­ти пог­ле­ди ко­га та­тко ми ја откри цр­ква­та. Вед­наш ја пре­ме­сти­ја ста­ни­ца­та по­до­лу од ме­сто­то и ду­ри и до­ни­раа па­ри со кои бе­ше на­пра­ве­на кон­зер­ва­ци­ја­та на оста­то­ци­те од те­ме­ли­те. Беа уп­ла­ше­ни и ни ре­коа „ле­ле лу­ѓе што ќе на­пра­вев­ме“. Си­те слу­чу­ва­ња око­лу оваа при­каз­на на не­кој на­чин нѐ воз­не­ми­ри­ја и нас, па дол­го вре­ме бе­ше од­ло­жу­ван по­че­то­кот на град­ба­та, а ед­но вре­ме се пре­ис­пи­ту­вав­ме се­бе­си да­ли во­оп­што да поч­не­ме, за­тоа што на­и­ду­вав­ме на преч­ки, кои ни зе­доа мно­гу го­ди­ни – рас­ка­жу­ва Ду­шко.

sv gjorgija copy

Од жи­ти­е­то за све­ти Ѓор­ѓи­ја

Све­ти Ге­ор­ги, Ѓор­ѓи или Ѓор­ѓи­ја, е ро­ден во Кападокија. Ге­ор­ги во сво­ја­та два­е­сет­та го­ди­на го здо­бил чи­нот трибун и ка­ко та­ков слу­жел при ца­рот Диоклецијан. Ко­га овој цар поч­нал го­не­ње на хри­сти­ја­ни­те, Ге­ор­ги иста­пил пред не­го и хра­бро из­ја­вил де­ка е христијанин, по­ра­ди што ца­рот го за­тво­рил, на­ре­дил да му ги ста­ват но­зе­те во кла­ди, а на гра­ди­те да му по­ло­жат те­жок ка­мен. По­тоа на­ре­дил да го вр­зат на тр­ка­ло под кое има­ло шти­ци со го­ле­ми клин­ци и та­ка го вр­те­ле. По ова го за­ко­па­ле во ров, та­ка што над­вор од зем­ја­та му би­ла са­мо гла­ва­та и го оста­ви­ле во ро­вот три де­на и три но­ќи. Но, при си­те овие ма­ки Ге­ор­ги по­сто­ја­но го мо­лел Бо­га и Бог вед­наш го ис­це­лу­вал и на го­ле­мо оду­ше­ву­ва­ње на на­ро­дот, го спа­сил сво­јот ма­че­ник од смрт­та.

Ко­га све­ти Ге­ор­ги во­скрес­нал и еден мр­то­вец, то­гаш мно­гу­ми­на ја при­ми­ле ве­ра­та во Хри­ста. Ме­ѓу овие би­ла и ца­ре­ва­та же­на Але­ксан­дра и глав­ни­от жрец Ата­на­сиј, зем­јо­де­ле­цот Гли­ке­риј и Ба­ле­риј, До­нат и Те­рин. Нај­пос­ле ца­рот ги осу­дил све­ти Ге­ор­ги и сво­ја­та же­на Але­ксан­дра на смрт со меч. Бла­же­на­та Але­ксан­дра из­див­на­ла на гу­би­ли­ште­то пред да ја уби­јат, а све­ти Ге­ор­ги го уби­ле во 303 го­ди­на.

Без­број­ни се чу­да­та што се ја­ви­ле на не­го­ви­от гроб. Мно­гу­број­ни се и не­го­ви­те ја­ву­ва­ња во сон и на ја­ве на мно­гу­ми­на што го спо­ме­ну­ва­ат и ја ба­ра­ат не­го­ва­та по­мош до де­не­шен ден. Од љу­бов кон Господ Христос, све­ти Ге­ор­ги без те­шко­тии оста­вил сѐ по­ра­ди сво­ја­та љу­бов: чин, бо­гат­ство, цар­ски по­че­сти, при­ја­те­ли и си­от свет. За оваа љу­бов Гос­под го на­гра­дил со ве­нец на не­вен­ли­ва сла­ва на не­бо­то и на зем­ја­та и со жи­вот ве­чен во сво­е­то царс­тво. Го да­ру­вал со си­ла и власт да им по­ма­га на тие што го сла­ват и при­зи­ва­ат не­го­во­то име во бе­ди­те и во не­во­ли­те.

Цр­ква­та све­ти Ѓор­ѓи­ја По­бе­до­но­сец, спо­ред ар­хе­о­ло­зи­те, е нај­ста­ра­та три­кон­хал­на цр­ква во Ма­ке­до­ни­ја. Та­кви­те об­је­кти со круж­на стра­нич­на ни­ша се по­вр­за­ни со хри­сти­јан­ски­от култ на мр­тви­те и да­ти­ра­ат уште од тре­ти­от век. Нив­но­то фор­си­ра­ње во ра­но­хри­сти­јан­ска­та ар­хи­те­кту­ра би­ло осо­бе­но наг­ла­се­но во ше­сти­от век.
Про­фе­сор д-р Ви­ктор Лил­чиќ од Ин­сти­ту­тот за исто­ри­ја на умет­ност и за ар­хе­о­ло­ги­ја при Уни­вер­зи­те­тот „Св. Ки­рил и Ме­то­диј“ уште во сеп­тем­ври 2002 го­ди­на ги до­ку­мен­ти­рал кон­ту­ри­те на оваа цр­ква. Ло­ка­ли­те­тот е вне­сен во ар­хе­о­ло­шка­та кар­та на зем­ја­та ка­ко цр­ква од доц­ни­от сре­ден век, спо­ред прет­по­ста­вки­те на ака­де­мик Бла­га Але­ксо­ва. Нај­но­ви­те на­о­ди, пак, ја про­ме­ни­ле оваа прет­по­ста­вка и ја да­ти­раа цр­ква­та во вто­ра­та по­ло­ви­на на ше­сти­от век – рас­ка­жу­ва­ат гор­до се­ла­ни­те.
Спо­ред оста­то­ци­те, град­ба­та е цвр­ста со ди­мен­зии 14, 15 на де­вет ме­три и со ма­сив­ни ѕи­до­ви, ши­ро­ки во про­сек по еден ме­тар. Ар­хи­те­ктон­ски оста­то­ци упа­ту­ва­ат на сво­е­то ре­ше­ние на по­кри­вот, ка­ко и на мож­ни об­но­ву­ва­ња во сред­ни­от век. Ар­хе­о­ло­зи­те откри­ле и че­ти­ри де­ла од нај­мал­ку две ол­тар­ни столп­чи­ња со еле­мен­ти на ви­со­ка доц­но­ан­тич­ка ба­за и ју­сти­ни­ја­но­ви де­та­ли. Откри­е­ни­от ка­пи­тел, спо­ред овие твр­де­ња, при­па­ѓа на ру­ди­мен­ти­ран ко­ринт­ски тип. Ток­му по­ра­ди овие еле­мен­ти по­тек­ло­то на цр­ква­та би­ло пре­да­ти­ра­но на вто­ра­та по­ло­ви­на на ше­сти век.

– Ле­во од вле­зот се на­о­ѓа ка­да на­пра­ве­на од ту­ли, ко­ја, нај­ве­ро­јат­но, се ко­ри­сте­ла ка­ко кр­стил­ни­ца­та. Пра­во од вле­зот, пак, има оста­то­ци од ол­та­рот, ка­де што, нај­ве­ро­јат­но, се на­о­ѓал и ико­но­ста­сот, а до кр­стил­ни­ца­та се на­о­ѓа гроб во кој се прет­по­ста­ву­ва де­ка е за­ко­пан не­кој мо­нах што го ра­ко­во­дел цр­ков­ни­от жи­вот во „Све­ти Ѓор­ѓи­ја“. Ни ре­коа и де­ка цр­ква­та, нај­ве­ро­јат­но, би­ла за­па­ле­на во 14 век, би­деј­ќи оста­то­ци­те од ур­на­ти­ни­те се на­о­ѓаа нав­на­тре – об­јас­ну­ва Ду­шко.

По мно­гу иску­ше­ни­ја, ка­ко што ве­лат се­ла­ни­те, фор­ми­ран е ини­ци­ја­ти­вен од­бор и по чу­ка­ње на раз­лич­ни пор­ти за по­мош, жи­те­ли­те на Ту­ден­це, ко­неч­но, ја поч­ну­ва­ат град­ба­та и во­зоб­но­ву­ва­ње­то на хра­мот по­све­тен на све­ти Ѓор­ѓи­ја По­бе­до­но­сец. Со­ве­тот од не­кој до­бро­на­мер­ник де­ка ра­бо­ти­те не­ма да трг­нат до­де­ка не се поч­не со кр­ше­ње ко­лач на све­то­то ме­сто ги прид­ви­жил ра­бо­ти­те, рас­ка­жу­ва­ат тие.

–  До­бив­ме бла­гос­лов од де­до Ки­рил и од Ку­ма­нов­ско–по­ло­шка­та епар­хи­ја и на Све­ти Ѓор­ѓи­ја зим­ски, на де­вет­ти де­кем­ври 2011 го­ди­на, кр­шев­ме слав­ски ко­лач, а прет­став­ни­ци на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква го осве­ти­ја ме­сто­то. Од тој ден на­та­му ра­бо­ти­те трг­наа. За­се­га, за жал, се сна­о­ѓа­ме са­ми­те. Ра­бо­ти­ме гра­деж­ниш­тво со брат ми и си­те ка­ме­ња од ста­ри ку­ќи што ги ури­ва­ме ги до­ни­ра­ме за из­град­ба на хра­мот. Има­ме по­мош од со­се­ла­ни­те, но и го­ле­ма и мно­гу важ­на фи­нан­си­ска под­др­шка од на­шин­ци­те исе­ле­ни во Аме­ри­ка. Др­жа­ва­та го пре­на­ме­ни шум­ско­то зем­ји­ште за цр­ко­вен об­јект и се­га е во вла­де­ние на МПЦ, со што мно­гу ни ги олес­ни­ја че­ко­ри­те до цел­та. Це­ли­от про­ект чи­ни око­лу 70.000 евра и апе­ли­ра­ме до си­те до­бро­на­мер­ни­ци што мо­жат да по­мог­нат на ка­ков би­ло на­чин да ни се прик­лу­чат. Са­ка­ме хра­мот да би­де цен­тар на си­те до­бро­на­мер­ни­ци, а со тоа и со ми­сте­ри­оз­на­та при­каз­на пре­ку ко­ја е откри­ен, да го за­жи­вее и сел­ски­от ту­ри­зам во на­ша­та оп­шти­на. Не по­ста­ву­ва­ме вре­мен­ски рам­ки, но ќе би­де­ме среќ­ни до­кол­ку до Све­ти Ѓор­ѓи­ја ле­тен, в го­ди­на, ус­пе­е­ме да го из­гра­ди­ме по­кри­вот – по­ра­чу­ва­ат од ини­ци­ја­тив­ни­от од­бор.
По­че­то­кот на во­зоб­но­ву­ва­ње­то на пра­вос­лав­ни­от храм во Ту­ден­це се слу­чил на ше­сти мај го­ди­на­ва, де­нот ко­га се праз­ну­ва Ѓур­ѓов­ден или ле­тен Ѓор­ѓи­ја По­бе­до­но­сец. Ти­хо­мир Кр­стов­ски, за жал, не до­че­кал да ги удри те­ме­ли­те на сво­е­то откри­тие, ни­ту да ви­ди ка­ко не­го­ви­от сон по­ле­ка ста­ну­ва ре­ал­ност. Но, им оста­вил ама­нет на сво­и­те си­но­ви да го про­дол­жат поч­на­то­то.
При­каз­на­та за све­те­цот што по­ба­рал да би­де откри­ен се рас­ка­жу­ва крај ре­чи­си се­кое ог­ни­ште во жи­во­пис­но­то Ту­ден­це. А, мно­гу­ми­на, од зем­ја­та и од странс­тво до­а­ѓа­ат на те­ме­ли­те на хра­мот за да за­па­лат све­ќа за здрав­је пред ико­на­та на све­ти Ѓор­ѓи­ја по­ста­ве­на од ини­ци­ја­тив­ни­от од­бор. Со свои очи да ја ви­дат и чу­јат при­каз­на­та за ве­ра­та. За тра­ди­ци­ја­та. За вон­зем­ско­то и не­об­јас­ни­во­то. И за еден ама­нет. Кој со се­кој нов ден и со Бож­ја по­мош е поб­ли­ску до зем­ска­та ре­ал­ност.

Пишува: Горан Игиќ
Фото: Галена Страчкова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top