Татко го продава својот син преку оглас, и тоа во категоријата „коњи“. За него е можна замена за дрва за зима.
Овој револтиран татко од српски Зворник вели дека неговиот син спие до пладне, јаде, се шминка половина час, ја мести фризурата, оди на кафе со постари девојки и тетки, доаѓа дома, се тушира, повторно јаде, оди во непознат правец со девојки многу постари од него, се враќа во пет наутро направен ко ловечка кучка, јаде и пак се во круг.
– Не e многу напорен затоа што е ретко дома… – пишува очајниот татко кој дури и би доплатил ако некој го земе неговиот син неработник надвор од Зворник и неговата куќа.
За синот вели дека се одзива на Дејан или на прекарот Кригер, а се лути кога ќе му викнат Путко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


