Петгодишно момче беше брутално силувано од 17-годишник во анкарскиот кварт Бадемлидере. Сексуалното злоупотребување врз детето на последниот ден од светиот муслимански празник Рамазан-бајрам ги крена на нозе жителите на главниот град Анкара, објави новинската агенција „Џихан“.
Жртвата е сместена на лекување во болница, сторителот е приведен и дал исказ во Одделот за борба против детски криминал на Дирекцијата за безбедност во турската престолнина.
По дознавање за случајот, во јавноста се појави масивно незадоволство, а неколку непознати лица го запалиле и домот на блиски роднини на сторителот на ова згрозувачко дело. Роднините на приведениот малолетник-силувач се изведени од куќата со полициски комбиња за да сведочат за случајот, посочи новинската агенција „Џихан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.