| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка еден од креаторите на ласер кој утврдува уште колку ќе живееме

razvoj

Македонка е една од креаторите на  „ласерски тест на смртта“ што може да утврди колку ќе живееме. Анета Стефановска е професот на Универзитетот „Ланкастер“, а на овој ласер работела заедно со нејзинот колега Питер Меклинкток со помош на државата и разни фондови.

Изгледа како часовник на раката што ги анализира ендотелијалните клетки низ површината на кожата мерејќи како телото ќе пропаѓа со годините. Ендотелијалните клетки се наоѓаат во капиларите, најмалите крвни садови во телото. Тие се одговорни за различни комплексни активности во нашето тело. Уредот го мери протокот во ендотелијалните клетки од максимум до минимумпо што ги анализира резултатите. Нула на скалата би значело смрт. Скалата се движи од 0 до 100 и мери колку живот ни останува. Овој ласер претставува и тест за деменција и рак.

Најавите се дека овој уред кај општите лекари низ светот би можел да се најде за околу три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top