По неколкуте настапи низ Европа и Македонија, „Фолтин“ ќе го заокружи летото во скопскиот летен клуб „Хавана“. Концертот, под назив „Длабоко во ноќта“, битолскиот кабаре-состав ќе го одржи следната недела, на 25 август. На двочасовниот концертен настап ќе бидат изведени сите хитови на групата, како и последниот албум „Антитело“.
Групата, која во јуни замина на турнеја, досега свиреше во Ријека, Љубљана, Будва, Тиват, Целје, Kрањ, Дојран, Охрид…
На 25 август е закажана свирка на локацијата – клуб „Хавана“, почеток 22 часот. Влезници во ограничен број по претпродажна цена од 200 денари во „Кастм паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“ од 15 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.