| четврток, 6 декември 2018 |

Вдовицата на Стив Џобс си најде нова љубов

lorin dzobs

Вдовицата на починатиот основач на „Епл“, Стив Џобс, две години по неговата смрт, си најде нова љубов. Лорин Пауел Џобс сега е во романтична врска со поранешниот градоначалник на Вашингтон, Едријен Фенти.

Лорин и Стив беа во брак 20 години, а Фенти и неговата сопруга биле заедно 15 години. За новата љубов била пресудна, како што самата вели, заедничката страст со Едријен кон училишните реформи за кои се залагаат. Се запознале на конференција од областа на образованието во 2011 година.

Нивното пријателство преминало во романса откако тој објавил дека ќе ја напушти неговата сопруга.

Лорин, која е мајка на три деца, наследи од Стив имот вреден 10 милијарди допари, но и покрај големото богаство, 49-годишната вдовица, според тамошните медиуми, живее релативно скромно и претежно се занимава со хуманитарна дејност.

Стив Џобс почина во октомври 2011 година од рак на панкреас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top