Судот во Перуџа го осуди македонскиот државјанин Раџи Усеини (28) на 18 години затвор за убиство на Полјакот Павел Лозински (25) што го извршил на 5 септември минатата година, во градот Фолињо, јавија италијанските медиуми.
Според пресудата, мотивот за убиството бил љубомора затоа што Лозински претходно бил во љубовна врска со неговата девојка.
Судот утврдил дека Усеини го убил Полјакот под дејство на дрога нанесувајќи му шест убоди со со шрафцигер во стомакот, во неговиот дуќан за поправка на велосипеди. И убиецот и убиениот биле издрогирани во моментот на инцидентот, но Полјакот добил појака доза која претхоно му ја подготвил Усеини. Силната бука што ја предизвикале ги вознемирило сосдите кои повикале полиција.
Полицијата не можела да утврди од каде доаѓа бучавата, па решила да ги провери сите објекти. Гаражата на Лозински била заклучена, па повикале пожарникари, за да ја отворат вратата. Кога влегле Полјакот лежел мртов, а Усеини бил заклучен во тоалетот, зашеметен од дрогата.
Судот го прогласил Усеини виновен за убиство со предумисла бидејќи во истрагата било докажано дека му ставил појака доза кокаин во шприцот за да го зашемети и полесно да го убие.
Причина за убиството било тоа што девојката на Усеини, дваесетгодишна Италијанка, му рекла дека додека била во врска со Полјакот, тој ја терал да се дрогира по што ја принудувал на екстремни сексуални перформанси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија