| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) Сообраќајка пред Македонското собрание – возило летало десетина метри во воздух

Откако возачот не успеал поради неприспособена брзина да ја фати кривината на семафорите пред Собранието, возилото, кое се движело од автобуската станица на Рекорд кон Градската болница, според очевидци, се кренало во воздух и завршило на тротоарот, но свртено наопаку.

Ниту еден од патниците во возилото не е повреден.

Очевидците тврдат дека само среќа ги спасило и патниците, но и другите учесници во сообраќајот затоа што во тој момент на една од најфреквентните скопски улици немало други возила кои доаѓале од спротивен правец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top