Многумина од нас половина живот поминуваат на интернет, што значи дека мало не внимание би можело да ни предизвика сериозни проблеми. Гугл спроведе анкета на 2 000 свои корисници како би открил кои лозинки најчесто се користат, а со самото тоа и кои се најлошите лозинки. Главно се работи за лозинки кои лесно се пробиваат, пред се поради тоа што се лозинките се кријат во податоците кои ги објавуваме на фејсбук.
Од анкетата е откриено дека 10 проценти од испитаниците се обидело да пробие лозинка на некој од колегите од работа, додека 48% од испитаните својата лозинка ја има кажано на друга личност пишува ITProPortal.com.
Еве листа на лозинки кои корисникот треба да ги избегнува:
- Име на милениче
- Важни датуми (пример годишница од брак)
- Датум на раѓање на блиска личност
- Име на детето
- Име на некој член на фамилијата
- Местото на раѓање
- Омилен празник
- Нешто поврзано со омилената спортска екипа
- Името на моменталниот партнер
- Зборот “password”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


