| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарите загубија од Естонија, утре играат со Финска

kosarkariDo181Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство  – Б дивизија што се одржува во Сараево. Денеска загубија од Естонија со 68:65 (25-5,10-18,17-24, 16-18).

Пресудна беше првата четвртина кога македонските кошаркари постигнаа само пет поени, по што немаа сили да ја анулираат предноста на противникот.

Најефикасен на натпреварот беше Роберт Валге од Естонија со 29 поени, додека о македонскиот состав Ненад Димитријевиќ постигна 27.

Со победа над Финска утре на Македонија ќе и биде загарантирано едно од првите две места во групата.

Денеска во првиот натпревар од А групата Финска ја победи Норвешка 71:36.
Вечерва играат Бугарија – Португалија.

Табела:

Земја:                          (победи – порази)

Финска                            4-0

Македонија                  3-1

Естонија                        2-2

Бугарија                        1-2

Португалија               1-2

Норвешка                     0-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top