| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Необјавено интервју со Генерал Маркос за македонската нација на Канал 5

Генералот Маркос, командант на грчката демократска армија во која се бореле илјадници Македонци во текот на граѓанската војна своевремено ја признал македонската нација , потврдува интервјуто кое повеќе од три децении не беше објавено во македонските медиуми.

Генералот Маркос се уште е една од најпочитуваните историски личности меѓу грчката левица која во моментов има дури 4 партии во парламентот во Атина.

Значењето на интервјуто за македонската јавност е во фактот што за прв пат во еден видео материјал влијателен грчки политичар недвосмислено признава постење на македонско малцинство во Грција. Иако го именува како славомакедонско, тој потенцира дека македонската нација се карактеризира со свои етно- културолошки белези и историски развој.Ваквиот став Маркос неколкупати го има изјавено за време на неговите претстои во Македонија, дали за македонски новинари, писатели или историчари, но сето тоа го негирал откако повторно се вратил во Грција во 1983 година. Тогаш тој тврдел дека не се сеќава или дека интервјуата биле измислени што се должело на националистичката клима во Грција и непризнавањето на македонската нација и историја, став кој целосно го прифатил и Маркос во последните години од неговиот живот.Интервјуто за тогашното радио Скопје го направил новинарот Петар Галабов. Канал 5 до него дојде преку историчарот Димитар Љоровски Вамваковски и кинотеката на Македонија.

Целото интервју на линкот на kanal5.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top