Десет илегални имигранти побегнаа денеска од притвор од главниот центар за имигранти кој се наоѓа недалеку од Атина, соопшти денес грчката полиција. Осум од десетте избегани имигранти се пакистански државјани, а двајца се од Авганистан. Потрагата за нив е во тек.
Инаку во главниот центар за притвор на илегални имигранти во Грција, вчера почна бунт во кој се повредени најмалку 10 полицајци.
Имигрантите фрлале со камења врз стражарите и запалиле простории во кои се сместени во центарот. Итно се испратени припадници на полицијата за разбивање демонстрации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција