Роби Вилијамс на 13-ти август најавува вистински спектакл во Загреб на стадионот Максимир. Хрватските медиуми пишуваат дека сцената ќе биде голема, импресивна, а на неа ќе се постави голема статуа на Роби Вилијамс, која ќе биде висока околу седум метри.
Пејачот во Загреб ќе допатува со сопругата и ќерката, и за разлика од некои други музички ѕвезди нема посебни барања.
– Побара само да му обезбедиме поголема просторија каде ќе престојува пред концертот. Мебелот ќе го донесе со своите камиони. Исто така побара една помала просторија каде ќе се загрева – изјавила организаторката Марина Мазиќ Бандиќ.
Светските медиуми пишуваат и дека пејачот сака маникир пред концертот, па организаторите обезбедиле една козметичарка, доколку има потреба од тоа.
Роби Вилијамс ќе го придружува бенд составен од 11 членови, а по Загреб тој ќе ја продолжи турнејата во Цирих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.