| четврток, 6 декември 2018 |

И Македонците сакаат на Марс

Mars-One-_-One-Way-Ticket-zum-roten-Planeten-_2Повеќе од 100 000 луѓе од целиот свет се пријавиле да отпатуваат на Марс во еден правец, соопштија организаторите на мисијата. Меѓу пријавените има и Македонци, Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци…Од ексјугословенските земји само Босанците се без желба да заминат на друга планета, пренесува црногорското списание „Вијести“.

Приватниот проект „Mars One“ чие седиште се наоѓа во Холандија, предлага групата од 40 потенцијални астронаути да биде објавен за две години, со цел четворица од нив во 2022 година да заминат на пат во еден правец кон Црвената планета.

Втората група од 4 лица ќе замине на Марс неколку години по првата. Никој од нив нема да се врати на Земјата. Пред заминувањето астронаутите ќе поминат 8-годишна обука, вклучително и медицина и голем број вештини за преживување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top