Голем пожар го остави на улица семејството Петковски. Она што макотрпно го стекнувале години наназад, огнената стихија го проголтала за помалку од еден час. Вистинска драма се одвивала вчера во семејната куќа на Петковски во скопската населба Ѓорче Петров. Огнот кој избил поради електричната инсталација ги зафатил сите простории. Соседите биле првите кои им помогнале во гаснењето пред да пристигне пожарната, а петчленото семејство кај нив и преспива – јави Сител.
Диме,Никола и Христијан за среќа останале неповредени, но од вчера немаат што да облечат, ниту со што да си играат. Диме е едниственото од трите деца кои оди на училиште, но стихијата му го уништила целиот школски прибор. Во пресрет на новата школска година останал и без сите алишта, како и без компјутерот кој го добил на подарок.
Во семејството вработен е само таткото Ѓорѓија. Скоро целата облеката и поголемиот дел од покуќнината се изгубени во пожарот, а во повторното опремување на куќата добредојдена ќе биде секоја помош која граѓаните се во можност да ја дадат.
Граѓаните кои ќе можат и парично да го помогнат семејството Петковски ќе можат тоа да го направат на трансакциската сметка на име Ѓорѓија Петковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.