| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет Македонки со над 100 години биле на лекар

Centenarian Slaying106 годишна скопјанка е најстариот жител во Македонија која во јули била на лекар, јавува Здравство24. Таа поради нарушена здравствена состојба прво била прегледана во Поликлиниката Чаир, а потоа била препратена на Клиниката за психијатрија. Уште шест други старици над 100 години минатиот месец биле на лекарски преглед кај специјалист, а на 13 жени кои живеат повеќе од еден век од матичните им била пропишана терапија за хронични заболувања. Најстара меѓу нив е 104 годишна струмичанка. Таа пиела апчиња за притисок и срце. Интетресно е што сите 20 пациентки над 100 години кои биле на лекар и во аптека се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top