Утринава во еден часот по полноќ на улицата „8-ми Септември“ во Велес бил ограбен клубот за игри на среќа „Адмирал“.
Две засега непознати лица со маскирани со фантомки на главите и вооружени со пиштоли успеале да одземат 284.088 денари.
Разбојниците влегле во казиното и додека едниот го вперил пиштолот кон вработениот во обезбедувањето С.М. другото лице влегло во делот каде е касата, каде биле 22-годишниот Б.Р. од Велес и 30-годишниот Г.А. од Велес кои исплашени за својот живот му ги дале парите на разбојникот.
Полицијата трага по сторителите кои веднаш избегале од местото на настанот и се упатиле во непознат правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



