| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во Бутел – изрешетан 28-годишен скопјанец

pistol

Утринава се случило убиство на улицата „Александар Урдаревски“, на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и селото Мирковци.

Засега непознат сторител од пиштол испукал неколку куршуми кон 26-годишниот Џемајледин М. од Скопје, при што го усмртил. Телото на Џемајледин кое лежело на улицата го забележала 27-годишната Е.С. од скопското село Брњарци и случајот го пријавила во полиција.

Телото е предадено на обдукција.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top