Вчера околу 11 часот избувнал пожар во Тетово, при што изгореле две плевни со околу 2.000 бали сено и околу 10 метри кубни огревно дрво. Објектите се во сопственост на Акики Акик и Зујќуфли Акик од тетовското село Горно Орашје.
По пријавата, шест противпожарни возила и 10 пожарникари веднаш пристигнале на местото на настанот за да се справат со огнената стихија, а пожарот бил изгаснат по четири и пол часови.
Полицијата извршила увид и работи на откривање на причините за избувнувањето на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



