На австриската нафтена компанија ОМВ веќе не и се приоритет работни места на бензински пумпи, туку на платформи за нафта и гас, каде што се потребни високо образовани луѓе, кои се подготвени да работат во странство.
До 2016 година, како што беше најавено од страна на шефот на ОМВ Герхард Роис, ќе бидат потребни 1.600 најдобри техничари, по можност со искуство во вадење нафта и рударство, пренесува „Танјуг“.
Прво на аплицирање имаат сите, но предност имаат Австријците. Но, бидејќи нема доволен број на апсолвенти, тие нема да можат да ги покријат потребите само од локалната работна сила.
Поточно, во тековната година од соодветните насоки завршуваат околу 40 студенти на Универзитетот во Виена.
Роис во исто време истакна дека безбедносната ситуација во некои земји во кои ОМВ е присутна, како што е во Либија, не е најдобра.
Инаку во Либија во моментов нема австриски државјани кои работат во ОМВ и како што додаде, тие добиваат плати и за време на немирите.
Тој рече дека почетниците не може веднаш да одат во странство, каде што се многу повисоки платите. Поточно, прво мора да поминат 3 до 5 години во седиштето, каде што работните места веќе им се поврзани со странство.
Мандатот во странство, според регулативата на ОМВ трае три години, а почетна плата за техничари- аппсолвенти е околу 3.300 евра, без додатоци.
Роис сака да ја прошири соработката со Универзитетите и ОМВ во моментов е во соработка со Економскиот факултет во Виена и со Универзитетот во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



