| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден Заев лапсус

Првата химна на Македонија која била пеена во манастирот „Прохор Пчински“ на втори август 1944 година, „Изгреј зоро на свободата“ е прекрстена во „Изгреј сонце на свободата“. Барем во новата колумна на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

zaev-gaf

 

– Оние кои на почетокот на заседанието стоечки ја пееле „Изгреј сонце на свободата“, денес би биле сведоци на зајдисонцето на таа слобода, пишува Заев на почетокот од колумната.

Во својата колумна за „Утрински весник“ со наслов „Се движиме по работ на опстанокот“, Заев пишува за слободата и актуелната состојба во земјава. Пишувајќи дека делегатите на Првото заседание на АСНОМ би биле разочарани од денешната состојба, Заев додаде уште една грешка на својата листа на гафови и лапсуси.

Ова е само втор лапсус, но втор од тие што се однесуваат на насловите. Неодамна тој го преименува и првиот роман на македонски јазик од Славко Јаневски од „Село зад седумте јасени“ во „Село под седумте јасени“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top