Прославениот српски режисер Емир Кустурица во последен момент ја откажа посетата во Скопје, дознава „Реублика“. Тој беше најавен дека ќе допатува заедно со Ивица Дачиќ, српскиот премиер, кој вечерва треба да дојде во посета на Македонија, но морал итно да замине за САД и поради тоа неговата посета на Македонија е одложена, дознава „Република“.
Кустурица требаше да допатува со Даќиќ кој ќе биде придружуван од српскиот министер за правда Никола Селаковиќ. Според српските медиуми, Дачиќ ќе има средба со македонскиот премиер Никола Груевски и ќе учествува на академија по повод празникот Свети Сава.
Предвидено е Дачиќ вечер во салата на Македонската опреа и балет да се обрати на церемонијата на одбележување на Светосавската академија, додека министерот Селаковиќ ќе одржи Беседа за Свети Сава.
Утре, Дачиќ, со воени почести пред зградата на Владата на Република Македонија, ќе биде пречекан од премиерот Никола Груевски, а потоа ќе биде одржана средба.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


