| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ВМРО ДПМНЕ ќе победи на локалните избори

Без разлика дали СДСМ ќе учестува на локалните избори или не, ВМРО ДМПНЕ ќе биде победник. Ќе победи и според бројот на освоени градоначалнички места и според освоените гласови – изјави Никола Груевски, претседател на владејаќката парија ВМРО ДПМНЕ и премиер на Република Македонија.

Тој денеска имаше обраќање на завршниот ден на политичката академија „Зајакнување на локалната демократија“ организирана од институтот „Павел Шатев“.

Груевски се обрати кон градоначалниците и кандидатите за градоначалници од редовите на партијата.

-Бидете внимателни и одговорни во вашите ветувања. Ветете онолку колку што можете да исполните. Ние сме партија која не работи од денес за утре, ние работиме на долги патеки –  рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top