| четврток, 6 декември 2018 |

Понудата од 25 милиони фунти навредлива за Вејн Руни

Жозе Мурињо не сака да се откаже од купувањето на голгетерот од „Олд Трафорд“, иако „Црвените ѓаволи“ веќе одбија две понуди на португалскиот фудбалски стручњак.

Робсон смета дека парите кои што клубот од „Стемфорд Бриџ“ ги нуди за играчот, се навреда за актуелниот првак во Премиер лигата и за самиот Руни.

„Се насмеав кога слушнав дека за услугите на Руни нудат 25 милиони фунти. Овој фудбалер е веројатно меѓу најдобрите пет-шест напаѓачи во светот. Мислам дека тоа е навреда за него“, изјави Робсон.

Во секој случај, за Руни повеќе нема место во составот на шкотскиот фудбалски стручњак Дејвид Мојес. Неговиот однос со клубот е дефинитивно толку лош, што нема враќање назад, бидејќи играчот тренира со вториот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top