| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци синоќа гореше на 4 места

– Со седум пожарникари и три противпожарни возила учествуваме во гаснење на пожарот кој ја зафати околната трева и ниски стебла. Поради непристапноста на теренот пожарот го гасневме со вода влечејќи ги цревата од противпожарните возила, но и со противпожарни метли – информира командирот на единицата Илчо Биогевски.

Територијалната противпожарна единица од Кавадарци вчера интервенирала во четири одделни случаи. Дежурните екипи гаснеле пожар близу спомен коструницата во Кавадарци, реагирале поради запалено електрично сандаче во селото Марена и запален контејнер во центарот на градот.

Најголем бил пожарот што избувна синоќа кај Брушанското маало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top