| четврток, 6 декември 2018 |

Спортската легенда испадна монструм и педофил

Случајот кој ја крена Швајцарија на нозе доби и судски епилог. Почитуваниот и истакнат пливачки тренер Флавио Бомиo e осуден на 11 години затвор, откако е прогласен за виновен за злоставување на деца.

Во кривичниот суд во Лугано се докажа дека 71-годишниот Бомио во период од повеќе од 10 години принудувал на сексуални активности најмалку 15 момчиња.

Flavio-Bomio

– Постапил со умисла и секогаш со свест за она што прави – рече судијата Марко Вила.

– Тој им ја одзеде можноста на децата, сега возрасни мажи, за независен и здрав сексуален развој во адолесценцијата. Неговите жртви претрпеа сериозни психички трауми – рече судијата критикувајќи го познатиот пливачки тренерер за крајна себичност, бидејќи во текот на процесот не покажа каење и жал за неговите жртви, туку само се жалел на својата тажна судбина.

Судот ги потврди сите наводи на обвинителството и го прогласи Бомио виновен за сексуално злоставување, силување и злоупотреба на деца.

Флавио Бомио го помина целиот свој живот во пливање и како истакнат тренер, претседател на пливачкиот клуб Белинзони и како член на Техничката комисија на ЛЕН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top