Една од најпознатите македонски дизајнерки, Тања Кокев, сопственичка на студиото „Кокев“ го изработи првиот македонски парфем со дизајнерски потпис. По примерот на светските дизајнери, Кокев создаде своја линија на парфем наречен „Актрес“ („Actress“) чија формула се изработуваше 6 месеци во француска фабрика.
Заштитно лице на првиот македонски парфем е актерката Јелена Јованова, која деновиве заедно со „Зага продукција“ ја снимаше и рекламата за „Актрес“.
Македонската дизајнерка Кокев вели дека ова е остварување на нејзината долгогодишната желба и љубов.
„Актрес“ наскоро ќе ја доживее и својата промоција и ќе може да се најде во парфимериите ширум Македонија, па и пошироко, вели Тања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.