„Балкан енерџи груп“, односно фирма која е дел од групацијата „Синтез“, веќе мнозинскиот сопственик на комбинираната гасна електрана, купи уште 9,2% од капиталот на Топлификација во ТЕ-ТО, неофицијално дознава „Фактор“.
Досегашниот капитал на „Синтез“ во „ТЕ-ТО“ досега изнесуваше 80%, што значи дека со ова на „Топлификација“ остануваат само уште околу 10%.
Дополнителниот пакет акции Балкан енерџи груп (поточно Синтез) ги купи од НЛБ Тутунска која што претходно ги стекна како обезбедување на кредит даден на Топлификација во вредност од 48,76 милиони денари (околу 800.000 евра). Токму за таа сума и беа продадени овие 23 акции со право на глас по почетна цена од 2,12 милиони денари по акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


