| четврток, 6 декември 2018 |

Баба Лина го прослави 104-от роденден

baba lina

 

Баба Лина Ќучукова од Струмица, во присуство на дел од своите деца, внуци и паравнуци го прослави 104 роденден. Посака своите најблиски да ги собере и види на 105 роденден, а таа да си поживее уште година дена и други да ја гледаат, јави Канал 5.

Баба Лина е родена во Кукуш Грција и во 1913 година доаѓа во Струмица. Низ сите 104 години таа не знае за болест, а деновите ги минува во молитва и добра мисла.

Нејзината ќерка Славица Стојанова вели дека таа секојдневно се моли не само за ближните, туку за целиот народ.

Најстарата струмичанка, има 4 деца од кои дочекала 9 внуци и 12 паравнуци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top