Првата ѕвезда на „Кралевите“ остана мирен и во врска со „боцкањето“ на стратегот и не сакаше да реагира повторно преку медиумите, меѓутоа ја искористи веќе следната прилика тоа да го стори на теренот.
Имено, мадриѓаните го надиграа Челзи на Мурињо во финалниот натпревар на Гинис купот со 3:1, Роналдо постигна два погодока, а португалскиот фудбалски стручњак и по натпреварот уште еднаш повтори дека не мисли оти го навредил својот доскорешен напаѓач со изјавата.
„Го кажав она кое што го мислев. Тоа е исто како да ме прашате кој е оригиналниот Милер, Томас или Герд. Секако дека е Герд. Така вистинскиот Роналдо е од Бразил“, вели Мурињо.
„Специјалниот“ не сакаше да зборува за начинот на кој Кристијано Роналдо ги прослави погодоците против неговите лондонски „Сини“.
„Тој дава голови цел живот. Мило ми е што и овој пат се запиша во стрелците, меѓутоа ние направивме неколку грешки. Сепак, не сакам повеќе да зборувам за Реал Мадрид“, заклучи Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


