По неколкудневните горештини, утре не очекува променливо време со локален пороен дожд и грмежи.
Според вонредната прогноза на УХМР, ќе има изолирана појава на поинтензивни процеси во вид на невреме со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град.
В недела и понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, но со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови пад на температурата за неколку степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


