| четврток, 6 декември 2018 |

Кежаровски: Грешките се направени пред објавување на мојот текст

kezarovski-13-Многу мои колеги после моето апсење нема да можат професионално да работат, но ќе се борам за вистината која е на моја страна – изјави Томислав Кежаровски, притворениот новинар во случајот Ликвидација. На денешното рочиште кое започна во десет часот утринава тој рече дека се колни дека не загрозил никого и дека сите грешки се направени пред објавувањето на неговиот текст:

– На никој не сум сакал ниту сум му направил штета. Во обвинителниот акт се вели дека со текстовите за случајот „Ореше“ сум сакал списанието „Репортер 92“  да биде читано. Јас само ја напишав вистината и тенденциозноста на некој од МВР за тој случај. Средбите во станица и обвинителство не беа пријатни. Ми се нудеше маслиново гранче, а по мене удрија како гром. Акцијата за приведувања добиток беше насловена „Милка“. Имаше „Фаланга“, „Монструм“, „Змиско око“, сите имаат нешто, симболизираат. Зошто МВР ја крсти оваа акција „Ликвидација“? Не сум криминалец туку новинар чија цел е да ја известува јавноста. Сите колеги можат да кажат дека со страст си ја сакам работата. Не успеав изгледа да ги расчистам трговските односи во истражните органи. Ми вперија пушка во глава, сцена која моето семејство ќе ја памти – рече обвинетиот новинар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top