Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во централна Грција. Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од населеното место Елатија, на 118 километри северно од Атина и на десет километри длабочина.
Во земјотресот нема настрадани лица.
Ова е втор земјотрес во Грција во текот на денешниот ден, откако земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровите скала го погоди изутрината регионот на Парга, во северозападна Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


