| четврток, 6 декември 2018 |

Два автомобили се судрија, третиот удри пешак кој ја гледал првата сообраќајка

elesec

Вистински карамбол на автомобили во кој настрада пешак, се случил во близина на автокампот Елешец пред неполн час.

Полицијата се уште врши увид, а според она што ни го кажаа во СВР Охрид се работи за необична несреќа, поточно за две сообраќајки една по друга.

Во првиот случај автомобил марка „Рено Клио“ со белградски регистарски таблички, најверојатно поради неприлагодена брзина, движејќи се од Пештани кон Елешец, удрил во автомобилот што се движел пред него, „форд галакси“ со австриски регистарски таблички. Во овој судир немало повредени, но веднаш се собрале луѓе да видат што се случило.

Набрзо по оваа несреќа на ова место со голема брзина налетал „сеат леон“ со скопски регистарски таблички, кој сигурно не очекувал дека на тоа место има сообраќајна незгода. Возачот не „сеатот“ ги избегнал двата судрени автомобила, но затоа закачил еден помлад човел кој ја гледал првата сообраќајка. Од силниот удар, пешакот бил качен на хаубата на „сеатот“.

Повредениот бил веднаш пренесен во костозглобната болница во Охрид, каде се констатирани неколку скршеници на рака. За среќа е надвор од животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top