-Се соочувам со неразумниот каприц на правосудните органи. Но јас само ја работев својата работа. Нетреба човек да е правник за да примени здрав разум и логика за да ја сфати апсурдноста на обвинението против мене кое ми го наруши мирот и семејното спокојство. Мерката притвор ќе ја окарактеризирам како крвничка – изјавува македонскиот новинар Томислав Кежаровски, притворен во случајот Ликвидација поради издавање на име на заштитен сведок.
Тој не успеа да ја сокрие вознемиреноста и солзите. Смета дека телефонскиот број што е објавен во новинарската сторија не е на заштидениот сведок и бара истиот да се провери.
Во моментов во судот трае исказот на Кежаровски. Обвинетите се изјаснија дека не се виновни. Обвинетиот Иле Танев, изјави дека ниту сакал, ниту имал намера да им помогне на обвинетитете за убиството во селото Ореше. Тврди дека не земал, ниту побарал паричен надоместок, како што стои во обвинителниот акт.
И второобвинетиот Сабедин Хофман, познат како Џини, обвинет за посредништво во случајот Ореше посочи дека не барал, ниту се нудел да посредува за никого. Тврди дека дел од обвинетите ги знае бидејќи еднаш или двапати дошле кај него во ресторанот како гости.
Поранешен судија Валентин Зафиров, кој работел како адвокат, тврди дека на заштитениот сведок Арсов, односно загрозениот, како што стои во обвинението, Ореше, самиот тој му го дал статусот загрозен сведок и неговиот идентитет бил во тајност, а како бил обелоденет во јавноста, тој не знае.
– Јас сум обвинет за давање документ во кој наводно е откриен идентитетот на заштитениот сведок, а единствено што е вистина и за тоа има докази во врска со загрозениот сведок, е дека по кзјавата дадена кај мене, копија во која стои само неговиот заштитен идентитет е дадена на одбраната – рече Зафиров.
Љубомир Михајловски – Џанго, еден од дадвокатите на Зафиров, посочи дека во текот на истражаната постапка не му биле дадени доказите кои се посочуваат во обвинителниот акт, а се однесуваат на ревијата „Репортер 92“, каде што наводно бил објавен идентитетот на заштитниот сведок. И адвокатот Александар Тортевски смета дека обвинетите се обвинети за дело кое веќе не постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


