Австриецот Марсел Хиршер имаше страшен втор настап во Кицбил за четврта слаломска победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. Лидерот во бодувањето надокнади се, во домашниот натпревар во Тирол и на крајот зад себе ги остави Феликс Нојројтер и Ивица Костелиќ кој пак, освои дополнителни сто бодови затоа што седмиот слалом и вчерашниот спуст се бодуваа и за алпска комбинација. 23 годишниот Хиршер води со големи разлики и во најтехничката дисциплина и во генералното бодување и како голем фаворит го очекува Светското првенство во Шладминг од 5 февруари.
Според резултатите, убедливото водството во вкупното бодување, па и според формата потврдена со триумфот во велеслаломот во Марибор и Тина Мазе се наметнува како сериозен кандитат за мултимедалист на престојниот алпски шампионат. Словенката денеска беше извонредна на вториот дел од популарната “Златна лисица” и славеше со цели 86 стотинки подобро време од Фрида Хансдотер и повеќе од секунда од Катрин Цетел. Според бодовната разлика што ја создаде досега, само чудо на Мазе може да и ги одземе кристалните глобуси во велеслалом и за Ол раунд настапот во Светскиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Кениецот Киротич Кируи – по втор пат победник на Скопскиот маратон