| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометните гордости на Струга на турнир во родниот град

Стартот на традиционалниот 41-ви по ред турнир на отвореното ракометно игралиште „Женска плажа“ во Струга оваа година ќе се одржи од 14 до 17 август.

Струга е вистински расадник на ракометари кои во минатото, а и во моментов ги бранат боите на најголемите македонски клубови и секако националната селекција. Во овој момент десетина од нив настапуваат во неколку екипи во нашето првенство, а од нив дури  осум ги бранат боите на Металург и се моторот на тимот кој минатата сезона ги достигна европските височини и предизвика вистинска ракометна еуфорија во нашата Македонија.

Наумче и Златко Мојсовски, Ацо Јоновски, Велко и Никола Маркоски, Марко Неловски, Гоце Ојлески и најмладиот Никола Костески моментално на Златибор се подготвуваат за овогодинешните искушенија на Металург,  но со нетрпение го очекуваат турнирот во Струга, местото каде ги направиле своите први ракометни чекори и на теренот на кој за прв пат имаа шанса пред ракометна Македонија да покажат што знаат и умеат.

-Навистина сме многу благодарни на сите луѓе во и околу клубот што сите овие години на ваков или онаков начин помогнаа во неговиот развој и ни овозможија на сите нас кои сме родени во Струга  постигнеме нешто за што сонувавме од најрана возраст, а тоа е да играме во најдобрите наши клубови и да ги браниме боите на нашата земја Македонија – вели Наумче Мојсовски.

Годинава турнирот е навистина квалитетен и ветува големо ракометно уживање и неизвесност во врска со крајниот победник. Временските услови се одлични, а Струга со езерото нуди комплетно летно уживање – додаваат Јоновски и Марковски.

Ова е најмалку што можеме да направиме за нашата Струга – се согласуваат останатите колеги и  сите заедно на спортска Македонија ѝ порачуваат:

ДОЈДЕТЕ ВО СТРУГА НА ВРВЕН РАКОМЕТ ПОКРАЈ ЕЗЕРСКА ИДИЛА!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top