Изјавата на претседателот на САД по вчерашната средба со грчкиот премиер Самарас (интегрално):
„Сакам да ги поздравам премиерот Самарас и неговата делегација во Овалниот кабинет што подразбира дека пријателството, врските меѓу САД и Грција се толку длабоко и широки како и односите што ги имаме меѓу двете земји.
Нашата влада и должи многу на Грција. Во грчко – американската заедница овде има неверојатни деловни луѓе, политичките лидери и лидерите на заедниците, и тие се мои големи пријатели. Врската која се протега надвор од владите и е присутна и меѓу нашите народи е она што ги прави грчко-американските односи толку посебни.
Премиерот Самарас доаѓа тука во време кога сите ние сме свесни дека Грција се соочува со неверојатни предизвици. И досега, премиерот има преземено многу храбри и тешки активности за иницирање на структурните реформи кои можат да помогнат во намалување на долговите, и уште поважно, тој може да ја ослободи неверојатната енергија и талент на грчкиот народ, со што грчките граѓани ефективно ќе се натпреваруваат во новата светска економија.
Имавме интензивна дискусија за предизвиците кои остануваат и јас сум убеден дека премиерот Самарас е посветен на продолжување на овие структурни реформи. Она што ние, исто така, се согласивме е при справувањето со предизвиците со кои Грција се соочува е да не гледаме на штедењето како на стратегија. Важно е дека има план за фискална консолидација за справување со долгот, но исто така важно е да има и раст и работни места, затоа што знаеме од историјата дека оние земји кои имаат економски раст, во оние земји каде што вработувањето е поголемо, а продуктивноста висока, луѓето чувствуваат ако економијата се движи напред. Тие земји имаат полесен пат до намалување на нивните долг и помало оптоварувања од земјите каде што луѓето се чувствуваат безнадежно.
Мислам дека премиерот Самарас се обврза да презема тешки акции кои се потребни, но исто така, се разбира, тој сака да биде сигурен дека грчкиот народ ќе ја види светлината на крајот од тунелот. И она што го искажав пред него е дека САД сака да продолжи да биде корисен да биде поддршка во она што ќе биде предизвик во процесот. Ние сме убедени дека Грција може да успее. Влоговите се високи, не само за Грција, туку и Европа и за светската економија.
Ние, исто така, разговаравме и за силните билатерални, воени и разузнавачки соработки меѓу нашите две земји. Грција е членка на НАТО и сојузник. Тие имаат работено со нас во спречување на терористички закани. Имаме соработувано на цела низа прашања. Тие се домаќини за некои од нашите многу важни воени инсталации и ние сме многу благодарни за тоа.
Имавме можност да дискутираме за општата состојба во Медитеранот и на Балканот. Како што рече премиерот, понекогаш тоа соседство е со предизвици и Грција може да игра важна стабилизирачка и улога на партнерство, додека ние работиме на решавање на прашања на Блискиот Исток и Северна Африка, исто како што работиме на прашања на Балканот.
Постои голема можност за решавање на деценискиот конфликт и тензиите кои постојат во Кипар и охрабрени сме од пораките кои се доаѓаат од грчката и турската заедница на Кипар. И ние многу тесно ќе соработуваме заедно за да видиме дали можеме да постигнеме напредок на оние фронтови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


