| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Слаткаристика во „Аквапарк“

Омилениот рапер на тинејџерите не престанува со настапите ова лето. По „Викенд-журка“ во Градиште, Марко Маринковиќ – Слаткаристика следно ќе се појави пред публиката во Пробиштип, во нивниот аквапарк.

Концертот е закажан за оваа сабота, 10 август, а како негови гости ќе настапат Аце НЛ  од Токсикологија и Тајзи.

Aqua park Slatkaristika

Аквапаркот во Пробиштип за концертот ќе ги отвори вратите во 21.00 часот, а цената на билетите во претпродажба е 100 денари, додека на врата влезот е 150 денари.

Slatkaristika nastap

Слаткаристика денес настапува во Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top