Локализиран е и ставен под контрола пожарот меѓу гевгелиските села Негорци и Кованец, кој избувна вчера напладне од запалено стрниште на нива во местото Китрос и брзо се прошири на површина од 50 хектари.
Надлежните информираат дека денеска нема активен оган на опожарениот простор, кој беше обраснат со нискостеблеста шума, грмушки и сува трева.
Екипите на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, Шумското стопанство „Кожуф“ и на Дирекцијата за заштита и за спасување сѐ уште дежураат на терен каде што е направен фронт за заштита во правец на селата Негорци и Кованец, поради тоа што, сепак, постои опасност со подигање на дневната температура повторно да се појави оган на дел од просторот зафатен со пожарот.
Инспекциските служби интензивно работат на откривање на предизвикувачот на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.